Њујорк или Лондон е дефонитивно дестинација во која ќе заборавите сте сами, поради бројните ресторани, кафичи и продавници, а ако сте авантуристички тип, одберете ја Костарика, таа нуди прекрасни плажи. И не заборавајте – излезете од вашата комфорт зона, затоа што тоа никој нема да го направи место вас.
Која е најдобрата држава да се оди сам? Една од нив е Австралија. Иако мора со авион да стигнете таму и тој дел ќе ви е малку досаден, меѓутоа тој дел од земјината топка е за штанцање нови пријателства.
Ако сте авантуристички тип, секако одберете ја Костарика, која нуди прекрасни пејсажи, тропски плажи и посебна култура. Исто може да го доживеете во Нов Зеланд, кој поради својата убавина често е привлечно место за снимање филмови
Од ориенталните дестинации тука се Јапонија, Виетнам и Еквадор. Тие држави се најпопуларни меѓу соло патниците, кои наместо одмор, сакаат да волонтираат со што е едно од најдобрите места за запознавање луѓе од целиот свет.
Прифатете го ризикот и осетете ја авантурата, изедете неколку бубачки, потрошете пари кои со месеци ги штедевте и разбудете се покрај некој нов „другар“ 🙂