
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 750 гр компири
* една чаша кисела павлака
* 200 гр гауда кашкавал
* 200 гр ементал кашкавал
* 2-3 млади кромидчиња
* 3 лажици маслиново масло
* сол и бибер
* ким
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Убаво измијте ги компирите и ставете ги да се варат. Во водата ставете и малку ким. Измешајте го маслото со киселата павлака, па додајте го гауда кашкавалот. Ставете го на оган и мешајте за да се растопи и да добиете убава смеса. Зачинете со бибер и ставете го ементал кашкавалот, исецкан на тенки ленти, за да се растопи поубаво. По неколку минути тргнете го тенџерето од оган. Варениот компир излупете го и одозгора прелијте го со сосот од кашкавал. На крај ставете го ситно исецканиот млад кромид. Ставете го малку да се запече.