Мојата кујна

Печени шпагети со спанаќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 пакетче шпагети (или други тестенини)

* 250-300 г спанаќ

* 1 кромид

* 3 чешниња лук

* 1/2 кафена лажичка сечкано луто пиперче

* 1,5 супена лажица путер

* 1 супена лажица брашно

* 250 мл млеко

* 3 супени лажици рендан пармезан

* 250 г кашкавал

* 1 супена лажица маслиново масло

* малку сол, црн пипер

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Измијте го спанаќот и ставете го да се вари околу 5-7 минути заедно со исечканото луто пиперче (опционално).

Оставете го спанаќот малку да се олади за да може да се блендира, а во меѓувреме ставете ги шпагетите да се варат според упатството на ќесичката (може да ги варите 1-2 минути помалку бидејќи потоа ќе се печат).

Испасирајте го спанаќот за да добиете пире. Исечкајте ги ситно кромидот и лукот и запржете ги кратко во тавче, а потоа додадете го и пирето од спанаќ. Оставете ја смесата да се пржи на умерено јак оган додека водата не испари.

Во тенџерче растопете го путерот, а потоа додадете го брашното и мешајте кратко додека бојата не стане жолтеникава. Потоа додадете го млекото, и оставете ја смесата да зоврие.

Кога ќе ја добиете саканата густина, додадете го пармезанот, солта, црниот пипер и други зачини по желба и добро измешајте. На крајот, испрженото пире од спанаќ додадете го во белиот сос и измешајте.

Истурете ги шпагетите во смесата и мешајте додека не се изедначи. Потоа распоредете ги во малку намастено тавче за печење.

Одозгора нарендајте добра слој кашкавал и печете на 200 степени околу 15-20 минути. Послужете додека е топло.

Write A Comment