Ако мислевте дека родителите го допреа врвот со давање на чудни имиња на нивните деца, листата со имиња од 2013 година ќе ве натера да го смените вашето мислење.
Листата на необични имиња која неодамна ја објавија експертите од Велика Британија, покажа колкаво влијание има телевизијата за избор на име за деца. “Bounty Parenting Club” исто така објави листа со имиња на 370.000 бебиња кои се родени изминатата година во Велика Британија меѓу кои најчести се Лук, Лохан и Далас за момчињата.
Често средно име во 2013 година за родените во Њукасл беше Џорди, инспирирано од МТВ реалити шоу – Џорди Шор. Исто така, името на познатиот бренд Диор се појави на листата за машки имиња.
Помеѓу необичните женски имиња се Рим, Розели, Папи (кученце), Парадајс (рај), Вог (списание), Пинки, Ти (чај), Нирвана и Пепа по познатиот цртан филм.
– Славните личности се познати по изборот на чудни имиња за деца и нашите податоци покажуваат дека некои родители го пратат овој тренд трудејќи се нивното бебе да има уникатно име. Убаво е да се види колку се креативни родителите со имињата за нивните деца – изјави Лиза Пени од Баунти клубот.
Меѓу имињата се најдоа и Тајгер, според познатиот голф играч, Такер, лик од филмот “Grange Hill”, Феникс, Орхидеа, Лондон и Олимпија, според Олимписките игри.
Името на популарниот газиран пијалок Пепси е исто така меѓу имињата.
Баунти објави и листа на најпопуларни имиња. И понатака на врвот на листата е името Џек, а потоа Оливер, Хари, Чарли и Џејкоб за момчињата. Кога станува збор за девојчињата, Амелија е на самиот врв, потоа Оливија, Емили, Ава и Папи.