Здраво тело

Пет домашни рецепти при парадентоза

Парадентозата се појавува кај многу луѓе и затоа е потребно да се превземат мерки на време. Погледнете неколку домашни рецепти за справување со овој проблем:

Рецепта со мед при парадентоза

За оваа рецепта е неопходен домашен мед – 1 супена ла лажичка се меша со половина мало лажиче масло.

Се меша добро и така приготвената смеса се става на непцата 5-6 пати на ден.

Рецепта со лимонена трева при парадентоза

Земете лимонена трева  и ставете ја во вода (20гр на 200мл). Нека отстои околу 4 часа. Така готовата тинктура се пие 3-4 пати на ден.

Рецепта со хималајска сол при парадентоза

Купете ситна хималајска сол. Со неа брзо се лекува парадентозата. Неопходно е само да ги масирате непцата и забите од двете страни.

Рецепта со кисела зелка при парадентоза

Се уште секој има кисела зелка, а таа помага при парадентоза. Земете лист од зелката и почнете да го џвакате енергично, на тој начин се намалува крварењето и доколку го повторувате тоа една недела, непцата ќе заздрават. Се препорачува три пати на ден да џвакате лист од кисела зелка.

Рецепта со алое вера при парадентоза

Да не го пропуштиме и алоето. Секој знае колку многу е полезно, но во овој конкретен случај просто го лупите листот од алоето и го втривата на непцата. Процедурата се прави три пати на ден пред јадење.

Write A Comment