Дали сте се запрашале некогаш зошто сите банани изгледаат толку слично и секогаш имаат ист вкус?
Дали сте знаеле дека тие се една од најважните намирници во Африка и дека секоја година во светот се јаде повеќе од 100 милијарди банани? И знаете ли дека банани јадеме денес благодарение на нашите предци кои илјадници години селективно ја одгледувале ова диво растение?
Речиси сите комерцијални банани се клонови
Речиси сите и една комерцијална банана (на пр. Кевендиш сорта, најпопуларната во светот) е клон на една билка од Југоисточна Азија. Генетски, тие се сите идентични. Сите банани кои се одгледуваат мора да бидат внимателно засадени и тоа исклучиво од постоечките корени.
Оваа генетска хомогеност, се разбира е многу ризична. Ако паразит или клон го нападне овој клон, наскоро сите би можеле да станат инфицирани, нешто што претходно веќе се случувало и што имало катастрофални последици за индустријата.
Бананите се природно радиоактивни
Бананите се природен избор на радиоактивни изотопи. Точно, една банана нема доволно радиоактивни елементи да активира сензори, а особено да им наштети на луѓето, но доколку се обидете да сокриете повеќе ислупени банани, на сензорите кои се користат на аеродромите за откривање на шверцување на нуклеарен материјал, веднаш ќе се запали црвеното светло.
Иако се радиоактивни, шансите дека бананите ќе ве убијат со радиоактивно зрачење се речиси еднакви на нула. Мора да застанете пред 200 излупени банани за ефектот на зрачење да биде еднаков на оној на рендгенската снимка, а дури 20 милиони банани би предизвикале смртоносно труење со радијација. Кога би имале во непосредна близина 500 милиони излупени банани, тоа би било еднакво како 10 минути да сте стоеле покрај нуклеарен реактор во Чернобил, веднаш по експлозијата.
Бананите не растат на дрвја
Бананите не растат на дрвја. Тие растат од коренаста структура која ја произведува едно стебло кое се наоѓа над земја. Таа е обична повеќегодишна билка,најголемо зелено цветно растение на светот.
Според ботаничката дефиниција: малините и јагодите не се бобинки, но затоа бананите се. Ботаничката дефиниција на бобици е “месно овошје произведено од еден јајник”, а бананата совршено одговара на оваа дефиниција.
Банана е една од првите растенија кои луѓето почнаа селективно да ги одгледуваат
Модерната банана сосема се разликува од дивата, речиси далечен роднина кој не се консумира. Таа е продукт не неколку години вештачка селекција и премин, токму како и поголемиот број овошје и зеленчук во кој уживаме денес.
Луѓето почнаа со селективно одгледување на банани околу 8000 години п.н.е. Musa acuminate е една од првите билки кои луѓето ги припитомиле и почнале да ги одгледуваат и тоа во Југоисточна Азија и околните области (можеби Нова Гвинеја, источна Индонезија и Филипините). Дивите банани содржат големи, тврди семки и многу малку месо. Без генетска модификација до која е дојдено со долготрајно селективно одгледување, тие денес не ќе можеше да се консумираат.
Бананите се една од најважните намирници во светот
Иако секојдневно се консумираат ширум светот, бананите се особено важни во источна Африка, каде претставуваат главен извор на храна за околу 50% од населението. Во овој дел од светот, годишната потрошувачка може да биде дури и повеќе од 400кг по лице. Бананите, особено за земјите во развој, се една од најважните намирници.
Во целиот свет секоја година се јаде повеќе од 100 милијарди банани, што ги прави четврта по големина за земјоделско производство, веднаш по оризот, пченица и пченка. Тие се одгледуваат во повеќе од 130 земји во тропските региони, а околу 90% од сите банани на светот растат во мали фарми и повеќето од нив се консумираат локално.
