Мојата кујна

Пица полжавчиња

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 лажица оригано
* 100 гр. кашкавал
* 100 гр. шунка
* 6 лажици сос од домати
* 500 гр. лиснато тесто
* 1 јајце изматено

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Шунката исецкајте ја на тенки листови а кашкавалот изрендајте го. На рамна површина посипете малку брашно и исукајте го лиснатото тесто до големина 40×32см. Распоредете го доматниот сос врз лиснатото тесто оставајќи по 1см по краевите без доматен сос. Распоредете ја еднакво шунката а потоа и ренданиот кашкавал. Од едната пократка страна завиткајте го тестот во цврст ролат и оставете го во фрижидер да се излади околу 10 минути. Извадете го тестото и исечете го на 12 еднакви парчиња. Ставете ги парчињата во плех на хартија за печење. Секое парче од ролатот намачкајте го со изматеното јајце и посипете оригано. Печете 15тина минути додека полжавчињата не добијат златно жолта боја.

Write A Comment