Убавина

Пилинг со лимун за подобра циркулација

Сите уживаме во летните пијалоци со неколку капки лимон, кои ја сузбиваат жедта и не разладуваат на високите температури, тој рецепт е добро познат.

Но, знаете ли колку освежувачки може лимонот да делува на кожата? Испробајте го овј рецепт и уверете се сами. Во помал сад со топла вода ставете пет капки есенцијално масло од лимон и додадете шест капки свеж лимон. Во оваа снеса натопете еден пешкир и чувајте го во садот околу две минути.

По две минути движете го пешкирот во садот така да преминува врз капките од лимоновото масло кои пливаат на површина. Исцедете го пешкирот и оставете го да ви биде при рака кога ќе се истуширате. По туширањето со топла вода, земете го подготвениот пешкир и почнете да ја триете кожата од стапалата нагоре.

Многу е важно да почнете од стапалата кон срцето, бидејќи на тој начин ја стимулирате циркулацијата.

Напиши коментар