Prison brake

Пилотите на исчезнатиот авион снимени на скенер пред фаталниот лет (Видео)

Камерата го снимила пилотот на летот “Боинг 777”, капетанот Зхариј Ахмад Шах, и копилотот Фарик Абдула Хамид како поминуваат низ скенерот на меѓународниот аеродром Куала Лумпур.

Обезбедувањето ги претресува пилотот и копилотот на авионот кој мистериозно исчезна на 8-ми март, со 239 патници и членови на екипажот.

Исто така, е наведено дека пилотот, татко на три деца, е “фанатички поддржувач” на малезиската опозиција на Анвар Ибрахим, кој само неколку часа пред исчезнувањето на авионот бил затворен поради хомосексуалност. Жената и децата на пилотот го напуштиле својот дом еден ден пред исчезнувањето на авионот, пишува “Дејли мејл”.

Во меѓувреме американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека авионот е можеби киднапиран и дека стотици патници се наоѓаат на непозната локација.

Не е отфрлена можноста дека двајцата или еден од пилотите се инволвирани во исчезнувањето на авионот.

Претходно денеска, претставници открија дека е можно авионот да се приземјил и емитувал сигнал од земјата. Ако авионот бил неоштетен и имал доволно електрична енергија во резервата, можел да испрати радарски сигнал.

Малезиската влада вчера соопшти дека авионот намерно го променил курсот и дека можеби отишол дури до централна Азија, или на југ, преку Индискиот океан.

Властите наведоа дека некој во авионот најпрво го онеспособил едниот од неговите комуникациони системи – ACARS, во 1.07 часот наутро, по локално време. 14 минути подоцна, исклучен е предавателот со автоматски прием, кој го идентификува авионот на комерцијален радарски систем, изјавува “Дејли мејл”..

Поради фактот дека двата системи биле исклучени со временска разлика, владата смета дека исчезнувањето на авионот е “намерно дело”.

https://www.youtube.com/watch?v=ArdhmtYu6eQ

Напиши коментар