ШоуБиз

Пилотите во авионот на Џастин Бибер носеле маски за кислород поради густиот дим од марихуана!

Лудориите за Џастин Бибер не престануваат – пилотите кои ги изнајмил за да го превезат на Супер Боул минатиот викнед тврдат дека поради силниот дим од марихуана кој се ширел во авионот морале да носат маска со кислород! Во официјалниот извештај тие напоменуваат како младиот пејач и неговиот татко постојано ја малтретирале стјуардесата која на крајот спасот го побарала во кабината на пилотите.

“Капетанот на летот тврдел дека ги предупредил патниците, вклучувајќи го и Бибер, да престанат да пушат марихуана”, пишува во официјалниот извештај.

“Капетанот исто така барал патниците да не ја малтретираат стјуардесата. Таа тврди како патниците, вклучувајќи го и Џастин Бибер и неговиот татко, екстремно ја навредувале, па повеќе не сака да работи со нив”. Во извештајот е исто така наведено дека пилотот и копилотот одлучиле да носат маски за да не го вдишуваат димот од марихуана и подоцна да бидат позитивни на дрога, за време на тестовите.

Во текот на претресот на аеродромот, кај Бибер не била пронајдена марихуана иако наводно се чувствувал нејзиниот мирис.

Write A Comment