Motherhood

Писмото кое промени многу животи, нема да ве остави рамнодушни

Кога утрово се пробуди, те посматрав и се надевав дека ќе ми се обратиш, ќе ми упатиш барем некој збор, ќе ме прашаш за мислење или ќе ми се заблагодариш за нешто добро што вчера се случило, но приметив дека беше презафатен барајќи алишта кои ќе ги облечеш за работа.

Продолжив да те чекам додека суште трчаше по куќата облекувајќи се и подготвувајќи се, знаев дека имаше време само за миг да застанеш и да ми кажеш: “Здраво!”, но ти беше презафатен.

Затоа за тебе го осветлив небото, го исполнив со бои и песни од птиците да видам барем така дали ќе ме слушнеш, но ниту тоа не се обрна.

Те посматрав додека се подготвуваше за на работа и стрпливо те чекав цел ден. Претпоставувам дека поради многуте работи кои требаше да ги направиш, беше премногу зафатен за да ми кажеш што и да е.

Кога се врати дома го видов уморот на твоето лице и си помислв малку да те освежам со благ дожд кој ќе го отргне тој умор. Тоа беше мој дар, но ти се налути и го навреди моето име.

Толку многу сакав да ми зборуваш…

Има уште толку време, си мислев. Потоа го уклучи телевизорот. Јас стрпливо чекав додека ти гледаше телевизија. Вечераше и се нурна во својот свет, ти повторно заборави да позборуваш со мене.

Приметив дека си уморен и те разбрав за твојата желба за тишина. Затоа го спуштив сонцето и на неговото место поставив ѕвезден покривач. А на неговата средина запалив една свеќа: беше прекрасна глетка!

Но ти ништо од тоа не примети.

Кога отиде да спиеш им посака добра ноќ на своето семејство и како легна, скоро во истиот миг заспа. Го проследив твојот сон со музика и убави мисли, а моите ангели бдееа над тебе. Но не е важно бидејќи веројатно не би приметил дека сум овде секогаш со тебе.

Имам повеќе трпение отколку што мислиш и ќе ми биде мило барем да те научам и ти да имаш трпение со другите.

Те сакам толку што секој ден ја очекувам твојата молитва. Даровите кои денес ти ги дадов се плод на мојата љубов кон тебе.

Добро, пак се пробуди и уште еднаш јас сум овде и чекам, со својата љубов кон тебе, надевајќи се дека можеби денес ќе можеш да ми посветиш малку од твоето време.

Добар ти ден!

Твојот татко – Бог

Write A Comment