Motherhood

Писмото, кое сите ќерки треба да го прочитаат

Ви предлагаме едно прекрасно писмо, кое го напишала австралиската новинарка Леа Картар на мајка си, откако и таа самата веќе станала мајка на една прекрасна ќеркичка. Детето неизбежно не насочува да мислиме на она низ што поминале нашите мајки, кога ние сме биле деца.

Еве неколку важни ншта кои таа сакала да ги каже.

“Бесценета мамо,

Знам дека поминаа цели пет часа откако разговаравме по телефон, но како си? Дали научи како да го користиш Фејсбук? А да ги користиш пункциските знаци во текстовите? Колку непознати луѓе ја видоа фотографијата на моето бебе во последните пет минути?

Отсекогаш бевме најдобри пријателки, ти и јас. Секој ден разговараме по телефон. Но сега, кога имам ќерка и ти стана баба, има неколку важни нешта, кои би сакала да ти ги кажам.

Прво, ти благодарам.

Ти благодарам што ми го миеше задникот по илјада пати на ден, и тие остри бои и ужасни мириси од моите памперси ги гледаше со нежност наместо со ужас.

Ти благодарам за сите жртви, кои ги направи заради мене. Знам дека си запоставила многу нешта, кои ти биле важни, за да бидеш со мене во секој еден момент кога ми требаш. Навистина го ценам тоа.

Ти благодарам, што секогаш ме ставаше на прво место, па и денес.

Ти благодарам што сеуште ме заштитуваш.

Ти благодарам што безусловно ме сакаш.

Ти благодарам што ме уверуваше дека можам да постигнам се што ќе си замислам. Што ме научи дека мојата вредност е монгу поголема од тоа како изгледам и какви алишта носам.

Ти благодарам што си добар пример. Ти си силна, љубезна и нежна, и јас постојано сакам да бидам како тебе.

И ти благодарам, што никогаш не ми ставаше такви смешни панделки за коса, кога бев мала. Пред да се роди ќерка ми купив неколку и сега гледам, дека навистина изгледаат глупаво.

Второ, жалам,

Жалам  за секој пат, кога сум ти кажала некои лоши работи. Сега можам да си замислам колку болно било тоа за тебе.

Жалам, што не ти поверував, кога ми кажа, дека возењето во автомобил со пријателки е лоша идеја. Сега во потполност се согласувам со тоа.

Жалам дека сум те будела многу пати во текот на ноќта. Лишувањето од сон е вистинско мачење, нели?

Исто така жалам што не сакав да станам од кревет кога бев тинејџерка.

Жалам, што жалев дека немам брат или сестра. Сега знам зошто не си имала друго дете.

Сваќам дека е тешко да се биде родител, дека не е секогаш едноставно, дека треба многу да се работи. Знам, дека некогаш си била уплашена, збунета, под стрес и премногу уморна.

И на крајот, ти честитам.

Го поздравувам тоа, што ја работиш најтешката работа на светот во последните 27 години. Покажа бескрајно трпение, бескомпромисна, реална и вистинска љубов.

Ти си неверојатна. Тоа би требало често да ти го кажувам.

Со љубов,

Јас “.

 

Напиши коментар