Мојата кујна

Пита од боровинки

Потребни состојки:

  • 300 грама Боровинки
  • 125 грама Брашно
  • малку   Кора од лимон
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 70 грама Овес
  • 1   Прашак за пециво
  • 85 грама Путер
  • 30 грама Пченкарно брашно
  • малку   Сол
  • малку   Цимет
  • 140 грама Шеќер
  • 10 грама Шеќер во прав

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
Во еден средно голем сад изрендајте кора од половина лимон.

Во друг средно голем сад исечете ја другата половина од лимонот и истискајте ја. Додадете 20грама шеќер и пченкарното брашно во сокот од лимон се додека не се измешаат сите состојки убаво и нема грутки. Додадете ги боровинките и мешајте се додека тие не се налепат со смесата.
Оставете ги боровинките на страна додека ја правите кората.
Го додавате брашното, овесот, шеќерот, прашокот за печиво, сол и цимет во рендатана кора од лимон и се мешате заедно. Го додавате и путерот и месете со раце се додека не се формира хомогена тестеста смеса.
Од смесата со боровинки одвојте половина на страна во еден сад и малку само изгмечете ги сите состојки. Не целосно да бидат како блендирани туку само малку колку боровинките да пуштат сок.
Во тава за печење ставете го тестото и рамномерно растегнете го низ целата тава. Изгмечените боровинки ставете ги врз тавата и убаво распоредете ги, па потоа додадете ги и остатокот од боровинките, другата половина што ја одвоивте предходно.
Печете 40-45 минути или се додека филот не клокоти или кората не е светло кафена. Напрскајте ја со шеќер во прав.
Оставете ја да се излади целосно пред да ја послужите.

Write A Comment