Убавина

Платинеста боја – највпечатлива нијанса за коса

Секоја сезона ни носи нови трендови во фарбање и нијансираање на косата. Оваа зима највпечатливи се речиси сите бои, особено русата, со која фризерите се поиграа преку различни техники на фарбање.

Најмногу доминира платинестата, која изгледа многу женствено, секси и гламурозно. Фризерите тврдат дека ова е една од највпечатливите руси нијанси и дека е совршен избор за дамите кои сакаат да остават силен впечаток како во начинот на облекување, така и при изборот на фризурата.

Одлично стои на кратка коса, на асиметрични фризури, но и на паж и боб форми, кои се малку истенчени од страните. За долга коса, најдобар избор се прамени со оваа нијанса, а се препорачуваат ако сакате од бринети да постанете блондинки.

plava

Со оглед на тоа дека платинесто-русата боја е навистина светла, што значи дека при фарбањето се користи појак хидроген, важно е на косата да и пруите и адекватна нега. Би било добро да користите боја со помалку амоњак и средства наменети за русокоси. освен тоа, најмалку еднаш неделно ставајте маска за регенерација, а за обликување користете роизводи кои истовремено ја негуваат косата.

Напиши коментар