Не само што пливањето за време на бременоста е сигурно, со помош на неколку правила, многу гинеколози сметаат дека е најдобар спорт за бремените жени.
Пливањето во текот на бременоста е најдобар избор за рекреација во која една бремена жена може да се опушти со најмало оптеретување на коските и зглобовите, бидејќи водата значајно ја намалува тежината.
Речиси е исклучена можноста за повреда на мајките и на бебињата при пливање, а најдобра температура на вода во море или на базен е помеѓу 25 и 30 степени, советуваат експертите.
Тие исто така укажуваат на тоа дека во последниот месец од бременоста потребна е одредена претпазливост. Бремените жени може да пливаат во текот на целата бременост, сè до последниот месец, колку можат, секако под услов добро да се чувствуваат и да бидат способни за пливање.
меќутоа, во последниот месец од бременоста, постои поголем ризик за развојк на инфекција во матката па затоа не се препорачува престој во вода ако не е исклучително чиста. При тоа гинеколозите напоменуваат дека термалните води не се погодни за капење на бремените жени.
Инаку, сите бремени жени кои сакаат да пливаат, треба да водат сметка за хигиената на водата и околните области, особено во слатководните базени. Ако хигиената не е на ниво, постои можност за вагинални инфекции.
