Кога сте под стрес, веројатно најчесто посегнувате по нешто слатко. Тоа е сосема погрешно!
Кога е под стрес, човечкото тело активира интересен механизам кој се темели на хормонска основа, за да се одбрани од стресот. Притоа се лачи адреналин и кортизол кои предизвикуваат зголемено трошење на глукоза, за телото да има доволна количина енергија потребна за соочување со стресната ситуација. Доколку подолго време се борите со стрес, главно неуспешно, тоа може да доведе до озбилни проблеми со кардиоваскуларните болести, намалување на имунитетот, како и пореметување на хормонската рамнотежа.
За да го победите стресот, во вашето тело треба да внесувате доволно хранливи состојки кои ќе му помогнат во борбата против стресот. А слатките, преработената храна и алкохол кои пружаат само привремено “подобрување” на ситуацијата, оставете ги за некои поведри моменти.
Ова е храната која би требало да ја внесувате во стресните ситуации од животот
Банана. Го подигнува нивото на серотонин кој го подига расположението, на телото му дава енергија и го снабдува со калиум, кој го намалува високиот крвен притисок и на тој начин превентивно делува на кардиоваскуларните болести.
Аспарагус. Тоа е зеленчук кој е богат со фолна киселина, која влијае на формирање на серотонин и витамин Б6 кој е доста важен за нервите и кој ја претвара амино киселината триптофан во серотонин.
Боровница. Ова овошје изобилува со антиоксиданси кои успешно ги неутрализираат слободните радикали кои го нарушуваат здравјето. Богати се со витамин Ц кој е неопходен за зајакнување на организмот во борба против стресот.
Морков. Храна богата со витамин Б6, витамин Ц, бета каротин и калиум, и е одлично оружје во борбата против стресот. Ги опушта мускулите кои од стрес се згрчени, а исто така делува како моќен антиоксиданс.
Авокадо. Квалитетните масти, витаминот Б и калиумот се важни состојки за ублажување на стресот. Авокадото, благодарејќи на мастите обезбедува енергија која е неопходна на телото, и е одлична замена за масна храна која генерално е нездрава.
Лук. Лукот ги шири крвните садови, го намалува крвниот притисок и на тој начин го штити срцето и циркулаторниот систем, кој првенствено го загрозува стресот. Тој е добар антиоксиданс, па така е уште една причина поради која би требало почесто да го консумирате.
