Здраво тело

Подобрете го имунитетот со храна!

Јадењето може силно да влијае врз функцијата на белите крвни клетки, како одбрамбени единици против инфекциите и ракот. Белите крвни клетки можат да бидат:
– Неутрофили леукоцити, кои го проголтуваат и убиваат бактериите и канцерозните клетки
– Лимфоцити – Т-лимфоцити, В-лимфоцити и природни-клетките убијци

В-лимфоцитите создаваат антитела, кои се од клучна важност затоа што директно ги напаѓаат штетните микроорганизми и агенси од надворешната средина

Т-лимфоцитите управуваат со многу имунолошки активности и состојќи, кои ги уништуваат бактериите, вирусните и туморните клетки.

Природните клетки убијци се прва линија во одбраната од рак – ги уништуваат клетките заразени со вирус и оние со канцеророзни промени

Бројните истражувања покажуваат дека со помош на разновидна здрава храна, можат да се регулираат бројот и функцијата на белите крвни клетки. На овој начин храната го поттикнува имунолошкиот систем и го подобрува неговото дејствување

Напиши коментар