Мојата кујна

Поевтино од ова не може! Вкусен колач со остатоците од кујната

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 јајца

* 1 филџан шеќер

* 1 филџан мелени ореви

* 1 филџан гриз

* ½ филџан масло

* 3 лажици брашно

* 2 изрендани јаболки

* 1 филџан млеко

* 1 пакетче пециво

* 1 пактече ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете масло и продолжете да матите. Рачно измешајте ги гризот и оревите, па додадете ги ренданите јаболка.

Од друга страна измешајте го брашното, пецивото и ванилата, па додадете ги во претходно подготвената смеса. На крајот, во сето тоа додадете млеко, па со миксер изматете.

Смесата префрлете ја во подмачкан плех, и печете околу 30 минути на 180 степени во претходно загреана рерна.

Колачот посипете го шеќер во прав и цимет.

Уживајте!

 

 

 

 

 

 

 

Write A Comment