Затоа што сезоната на луксузните хотели и одморалишта е во полн ек, ги издвоивме петте најлуксузни хотели кои располагаат со најубавите погледи.
Мирни водени хоризонти, планини кои се губат во далечините и препознатливи градби… Кој би посакал нешто повеќе?
1. Anse Chastanet – Сместен е во Сент Луција и располага до поглед кон Карипското море и околните планини. Зајдисонцето на овие тераси е вистинско доживување.

2. Ritz-Carlton – Сместен е во југоисточниот дел на Азија, а гостите имаат чест да уживаат во погледот кон Сингапур и МаринаБеј. И покрај тоа што неговиот поглед не е свртен кон песочна плажа, туку кон прекрасни градби, сепак е еден од најубавите кои може да го искусите.

3. Plaza Athenee – Хотелот кој се смета за најромантичен во светот. Располага со прекрасен поглед кон Ајфеловата кула и околните градби во Париз.

4. Corinthia – Лондонскиот хотел кој има извонреден поглед кон сите знаменитости во едно. Магијата која настанува во вечерните часови со самото вклучување на светлата е нешто непроценливо.

5. Hotel Salto Chico – За разлика од хотелите во светските метрополи, овој хотел во Јужна Америка има поглед кон прекрасна природа и планински предели.

6. Oberoi Amarvilas – Гостите кои ќе го посетат овој прекрасен ресорт во индиски стил ќе имаат можност секоја ноќ да уживаат во пурпурното небо над Таџ Махал.

7. Four Seasons – Овој апартман кој се наоѓа на врвот на хотелот и важи за претседателски апартман, нуди неверојатен поглед од височина во кој буквално ќе се изгубите.

