Американските медиуми пренесуваат дека Кејти Холмс одлучила да се пресели во Калифорнија заедно со својата ќеркичка Сури.
Брзиот начин на живот во Њујорк кој го започнала кога се развела од Том Круз, славната глумица ќе го замени со опуштениот и сончев Лос Анџелес, каде веќе пронашла куќа.
Раскошната вила во елитната населба Kalabasas Кејти ја купила за 3,79 милиони долари. На располагање и се шест спални соби и шест бањи, формална дневна соба и трепезарија, гостинска куќа, базен, спортсо игралиште, и сето тоа на малку повеќе од 2.000 метри квадратни.















