Дека новогодишниот настап на Јелена Карлеуша закажан за 13 јануари на Копаоник бил целосен неуспех, докажува и снимката од местото на настанот, каде што јасно се гледа дека клубот во кој пејачката требало да настапи, бил празен. Таа, иако во потполност облечена како за на сцена, го напуштила хотелот и заминала во непознат правец, додека неколку најверни фанови со нетрпение ја чекале до доцна во ноќта.
Екипата на српскиот “Ексклузив” ја снимила пејачката непосредно пред настапот во клубот “Александар”, каде се согласила да разговара со новинарите.
– Имам отпор кон медиумите, тоа е како кога некој ве силува со години, а потоа треба да водите љубов со него – изјавила кратко и потоа со својот менаџер и својата мајка заминала во непознат правец.
Од друга страна, по гужвата која се направи околу деветте продадени карти за нејзиниот новогодишен настап, таа се обратила на јавноста со соопштение во кое се наведува дека настапот бил откажан многу порано пред картите да бидат пуштени во продажба.