Познатата поп пејачка Пинк веќе долго време се обидува да ја продаде својата вила во Калифорнија…
Првобитната цена на оваа вила е 5 милиони долари, додека сега падна на 3,5 милиони долари, а пејачката дури се обидела да ја изнајмува по цена од 10.000 долари, но без успех.
Оваа вила е изградена во 1946 година, има површина од околу 700 квадратни метри, во кои се сместени четири спални соби и пет бањи. Оваа прекрасна вила во шпански стил има соби за игри, рачно изработена луксузна врата, фоаје на два спрата и камин со импресивен камен оџак. Другите предности кои ја прават оваа вила посебна се инфинити базенот, спа центар скриен зад водопадите и одвоен и целосно опремен дел за скара.









