Оваа неверојатна подводна хотелска соба е најновиот додаток во луксузното одморалиште Манта, лоцирано на брегот на Танзанија. Тоа е првиот хотел во Африка, кој им дава можност на гостите да “спијат меѓу рибите”.
Уникатната соба е подвижна куќичка, опремена со сите удобности како спалната која се наоѓа под нивото на водата. Подводната соба е лоцирана до еден од најубавите корални гребени во Индискиот океан.
Секако, ретка комбинација на целосна приватност, луксуз и убава подводна глетка си има своја цена. Цената на ноќевање за двајца во куќичката е 1500 долари и 900 долари само за еден човек.






http://www.youtube.com/watch?v=YkkpkUYzYRMp
