Prison brake

Погледнете како скијачите му спасиле живот на еден елен (Видео)

Елен кој се заглавил во снегот во источен Тирол во Австрија, сигурно би се смрзнал, да не го приметеле група скијачи.

Тројца скијачи приметиле рогови како ѕиркаат од снегот и веднаш почнале да копаат.

Тие копале со рацете и со лопата, а кога од снегот се појавила глава на животно, врзале јаже околу нејзините рогови.

Со помош на јажето еленот го извлекле.

Со себе носеле камера со која го снимиле спасувањето.

http://www.youtube.com/watch?v=9M1TeNIUr7Q

Write A Comment