Здраво тело

Погрижете се за белата насмевка!

За здравјето на усната шуплина, неопходно е да се грижите за забите после секој оброк – Со паста за заби убаво истријте ги, и исплакнете ја усната шуплина. Покрај пастата за заби, која покрај разновидноста и нема висока цена постојат и други средства кои можете да ги најдете во сопствениот дом. На што конкретно мислиме?

За тоа колку зелениот чај е корисен за Вашато здравје, постојат многу испитувања и многу пати е докажано. Помеѓу останатите корисни својства, зелениот чај ги штити и Вашите заби – со пиењето на овој исклучително корисен чај Вие со помош на екстрактот кој го содржи, вие ги штитите Вашите заби од кариес, еден од причинителите за лошиот здив и други бројни проблеми.

Кога ќе си исцедите лимон за да си направите лимонада, или Вам лимоновиот сок ви е од некоја друга причина потребан, искористе ја приликата и со лимоновата кора протријте ги забите. Така се чистат наслагите на забниот камен и неговите бели површини. Само, немојте да претерувате – ова не е постапка која би требало да ја применувате секојдневно, бидејќи премногу лимонска киселина може да ви ја оштети забната глеѓ.

После миењето на забите со паста, можете да ги истрлате со свежа жалфија. Тоа Вам ќе ви го освежи здивот.

Кога сме веќе кај листовите, одличен е и листот од першун. Препорачливо е да грицкате листови од першун, поради нивното поволно дејство на забната глеѓ, како и тоа што помагаат во отстранувањето на мирисот на лук и кромид.

Јагодите се исто така ефикасни во избелување на забите. Истрлајте ги забите со неколку изгмечени јагоди, со тоа ќе ги избелите и ќе си го освежите здивот.

На крајот, на секому познатото стредство – сода бикарбона. Со неа можете да ги избелите забите, само немојте тоа да го правите премногу често за да не би ја оштетиле забната глеѓ.

Напиши коментар