Motherhood

Помогнете му на вашиот сопруг да стане идеален татко

Помогнете му на вашиот сопруг да развие свест за родителските должности и одговорности и да стекне самодоверба во врска со подигнувањето на децата…

ПРУЖЕТЕ МУ ШАНСА

Да, знаеме дека способноста за брзо менување пелени не му е вродена и дека најверојатно ќе направи грешка кога ќе прави кашичка за бебето, но признајте дека и на жените одвреме навреме им се случуваат вакви грешки. Немојте да го оддалечувате од детето, туку дозволете му да учи и на свој начин да се избори со обврските.

ВКЛУЧЕТЕ ГО ВО СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ

Доколку постојат ситуации за кои имате чувство дека вие сте личноста со повеќе знаење и искуство, наведете го својот маж да учи од вас. Знаеме дека некои работи можете подобро сами да ги извршите, но учењето нови работи и учеството во семејниот живот ќе го направат среќен и горд штопридонесува во одгледувањето на децата.

РАЗВИВАЈТЕ КАЈ ДЕЦАТА ПОЗИТИВНА СЛИКА ЗА НЕГО

Доколку не ви се допаѓа некој негов метод на воспитување, немојте да го прекорувате пред децата, туку поразговарајте со него насамо. На тој начин децата нема да го загубат почитувањето кон него. Доколку нешто ви се допаѓа пофалете го пред децата, ќе бидат среќни што имаат таков добар родител.

ПОМОГНЕТЕ МУ ДА РАЗВИЕ ЧУВСТВО ЗА РОДИТЕЛСТВО

Се случува на мажите и татковците не секогаш да им е баш најјасно за што се имаат одговорност. Наместо да го опсипете со навреди, објаснете му мирно и сталожено или само потсетете го.

РАЗМИСЛЕТЕ ЗА СВОИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Секое семејство е различно и секоја двојка на свој начин одгледува дете. Во тој процес неопходно е добро да размислите за тоа што очекувате од својот партнер. Наместо со лут тон да му ги наметнувате обврските со кои не се снаоѓа најдобро, поделете ја работата рамноправно. Доколку му оди математиката нека им го објаснува на децата тој предмет, а вие фокусирајте се на англискиот јазик. Комуникацијата е клучна, грубоста само ќе создаде негативна атмосфера, која е штетна за развојот на личноста на детето.

 

Write A Comment