Prison brake

Порака на Фејсбук која чинела 80.000 долари

Значењето на изреката “молчењето е злато”, го искусиле на сопствана кожа сопружниците Снеј од Мајами, кои една порака од нивната ќерка поставена на Фејсбук ги чинела 80.000 долари поради кршење на клаузулата за доверливост на договорот со работодавачот.

Поточно, Патрик Снеј на суд го добил спорот  против работодавачот кој го отпуштил од местото директор на училиштето, а потоа склопил финансиски договор за обесштетување во кој било прецизирано дека брачниот пар не смее никого, влкучувајќи ја и нивната ќерка, да го запозне со содржината на договорот”.

Меѓутоа, договорот станал невалиден, бидејќи нивната ќерка Дајана,ученичка во ова училиште, јавно се пофалила на Фејсбук со статус: “Мама и тато го добија спорот против Галвијер кој сега ќе го плати мојот летен распуст во Европа”.

Објавата ја погледнале 1200 луѓе на Фејсбук, меѓу кои и учениците, но и адвокатите на училиштето, кои го обавестиле Патрик Снеј дека ја прекршил клаузулата за доверливост на договорот со работодавачот со што договорот е поништен.

Судот донел пресуда во која се наведува: “Господинот Снеј го прекрши договорот во кој самиот се обврза што не треба да прави”.

Договорот кој е потпишан во 2011, предвидувал училиштето на поранешниот директор да му плати 10.000 долари заостаната плата, 60.000 долари за адвокатите на Снеј и 80.000 долари оштета на семејството.

Патрик Снеј, кој во моментов е директор на една друга институција, ќе одлучи дали да поднесе жалба до Врховниот суд во Флорида.

Напиши коментар