Порано мислев дека знам што е љубов. Ја мерев по бројот на бакнежи, разговори, слики, подароци, заеднички пријатели, датуми… Постојано барав докази кои можат да се видат, допрат, избројат. Повеќе за да се уверам самата дека ја имам. Помалку за пред другите.
Денес знам дека љубовта не е огномет. И кога ја има навистина, таа е тивка. Влегува на прсти. Се буди прва. Подготвува појадок. Помни какво кафе сакаш. Не заборава после секое “како си?” да праша “а ти?”. Ти ја нуди својата страна од креветот, за да не ти дува. Те прегрнува силно кога ти е студенио. Оди пред тебе како дух. Простува, ти се доверува. Го пушта радиото на твојата станица. Те води на омиленото место. Ти се јавува да те праша дали имаш потреба од нешто, кога си болен. Ти дава верба, кога си изгубил дел од твојата. И доверба. И споделува со тебе мудрост. И не ти суди. И ти дава слобода!