Мојата кујна

Посен чизкејк

Потребни состојки:

Кора:

  • 50гр мелени ореви
  • 50гр мелена посна плазма
  • 35гр маргарин
  • сируп од малина

фил:

  • 1,5дл билна слатка павлака
  • 100гр малини
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица густин

Начин на подготовка:

Кора: стопете го путерот, па додадете ги оревите и плазмата и измешајте. Додадете го овошниот сируп за да се добие компактна смеса. Оставете да се стегне околу половина час во фрижидер, па обликувајте ролна со дијаметар околу 3см.

Исечете на 12 круга.

Фил: малините и шеќерот ставете да се вари. Густинот изматете го малку вода, па варете со малините. Додадете уште малку вода ако сосот е премногу густ. Слатката павлака изматете ја. На секој круг ставете павлака , па сос од малини. Украсете по желба.

Напиши коментар