Кристал Херис, сопругата на сопственикот на списанието Плејбој, одлучила да го промени имиџот така што ја офарбала својата плава коса.
„Ви благодарам на сите за позитивните коментари за мојата нова коса“ – напиша Кристал на својот твитер профил.
Да потсетиме, Хју Хефнер последен пат бил во емотивна врска со бринета во периодот меѓу 1969 и 1976 година кога бил во брак со првата жена Барби Бентон. После тоа сите сопруги на сопственикот на Плејбој беа плавуши.