Потребно:
- 300 грама фета сирење
- малку oригано
- 20 милилитри маслиново масло
- 50 грама маслинки
Подготовка:
Во нашата земја се приготвуваат многу квалитетни овчи сирења, кашкавали и биено сирење, кое, според многумина е многу подобро и од светски познатиот пермазан. Кај нас најпознати сирења се Трничкото, Шарпланинското, Беровското, Мариовското, Галичкото, Крушевското итн. Нема земја во светот каде што не се прави некој вид на сирење. Сите видови имаат специфичен вкус и се подготвуваат на најразлични начини, но заедничко за сите е млекото, кое може да е кравјо, овчо или козјо.
Фета сирењето исцедете го, додадете ги исецканите маслинки, посипете со оригано, обилно залејте со маслиново масло. Послужете.
