man fashion

Потенцирајте ги доблестите!

Во истакнувањето на телесните атрибути и сокривањето на незгодните маани, облеката е првиот помошник.

Главната цел е да добиете на висина. Затоа е важно да одберете облека која вашата фигура визуелно ќе ја издолжи.

Пожелни се кошула или маица и пантолони во иста боја, а исто така и темните бои кои ја намалуваат фигурата. Секогаш бирајте лесни и потенки материјали бидејќи дебелите материјали имаат тежина, па наместо на висина, ќе добиете на тежина.

V блузите се пожелни, но не и ролките бидејќи ќе ви го скратат вратот. Дворедното закопчување на повеќе од три копчиња на сакото е лош избор.

Мудро бирајте ги модните додатоци бидејќи краватата, шаловите, шеширите и капите ќе задржат внимание на лицето, па луѓето ќе ве гледаат во очите, а помалку во фигурата.

Ако имате нешто повеќе од просечниот конфекциски број, особено во пределот на стомакот, секако дека треба да избегнувате било каков вид на хоризонтални штрафти но и дијагонали.

Пругастите одела се вистински избор за вас, особено во комбинација темно одело со бела кошула.

Класичните пругасти кошули ќе го сокријат тоа што е вишок, дури и кога не е само под оделото, туку и кога се комбинира со фармерки или секојдневни пантолони. Штрафтите, секако, треба да бидат тенки.

Вашата фигура додатно ќе ја издолжи и правилниот избор на боја. Боите мораат да бидат складни, никогаш контрастни. Црната боја е секогаш најсигурна и најубава комбинација, но настојувајте на црнилото да додадете некој детал, на пример ремен, за да не изгледате како да доаѓате од погреб.

исоката слаба фигура не треба додатно да се издолжува, па во гардеробата не треба да имате вертикални штрафти. Хоризонталните штрафти се подобар избор, особено во пределот на рамена, бидејќи визуелно ќе го зголеми вашето тело.

Избегнувајте да се облекувате во една боја, особено црна, бидејќи изгледате потенки од што сте. Претесните кошули ќе имаат сличен ефект бидејќи ќе го нагласат вашето слабо тело.

Светлите бои ќе ја прошират вашата фигура, затоа настојувате да имате бела, па дури и “женски” пастелни бои (светло розова на пример).

Напиши коментар