ПОТРЕБНИ СОТОЈКИ:
* 400 г макарони
* 200 г шунка
* 50 г кашкавал
* малку сол, црн пипер
* 20 г путер (за бешамел)
* 1 лажица брашно
* 30 мл млеко
* малку сол, црн пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Во голем сад ја ставаме водата да зоврие.Потоа додаваме сол и ги ставаме макароните да се варат. Најчесто според упатсвото, бидејќи има различни типови.
2.Додека се варат макароните, ја сечеме шунката на поголеми парчиња и го подготвуваме бешамел сосот.
3.Со тенчерче на оган ставаме путер да се растопи, додаваме брашно. Постојано мешаме и додаваме топло млеко. Зачинуваме со малку сол и црн пипер.
4.Откако макароните ќе се сварат, ги префрламе во намастено тавче за печење, ставаме шунка, изрендан кашкавал и малку зачинуваме. Одозгора истураме од бешамел сосот.
5.Печеме во добро загреана рерна од 15 до 20 минути.
