Prison brake

Потресното писмо на една мајка: “Сине мој, зошто ме заборави?”

Сине мој! Ова е писмо од твојата стара мајка. Се срамам што ти пишувам. По долго чекање го земав перото неколку пати, но солзите ми сметаа. Неколку пати солзите ми престанаа, но срцето не ми дозволуваше. О, сине мој! По долго време гледам дека си пораснал, си станал зрел и добро ги балансираш работите. Имам едно право, барем да го прочиташ ова писмо, а потоа, ако сакаш, искини го како што тоа го направи и со моето срце.

Сине мој! Пред 25 години за мене беше најсреќниот ден кога докторката ми кажа дека сум трудна. Мајките многу добро го знаат значењето на овие зборови, тоа е мешавина од среќа и радост со почеток на вознемиреност и многу промени во организмот. Потоа, 9 месеци те чував во мојот стомак, тешко станував, тешко спиев, тешко се хранев и тешко дишев, но и покрај сето тоа, ништо не ја намалуваше мојата љубов кон тебе. Напротив, од ден на ден мојата љубов се повеќе зе зголемуваше и едвај чекав да те видам.

Те носев со тешкотија и со болка, се радував на секое твое движење во стомакот, се радував на зголемувањето на твојата тежина, која за мене не беше тешка. Беа тоа долги маки, а подоцна дојде и онаа вечер кога неможев да ги затворам очите. Имав толку големи болки, што ниту едно перо не може да ги напише и ниту еден збор не може да ги опише. Неколку пати се соочив очи во очи со смртта, и тогаш се појави ти, твојот плач се измеша со мојата среќа и ми ја отстрани болката и раните.

Сине мој! Годините минуваа, а јас те држев во моите прегратки, те капев со моите раце, спиеше на моите гради, те доев со своето млеко, останував без сон само за да можеш ти мирно да спиеш, уморно те држев по цел ден, само за да бидеш радосен, среќно да ја гледам твојата насмевка, нетрпеливо чекав да побараш нешто од мене и да ти го дадам со целото мое срце, а тоа за мене беше најголемото задоволство. Деновите минуваа, а јас продолжив во оваа состојба, среќна мајка, вредна домаќинка и слуѓинка, се додека не стана момче. Ги покажа своите први знаци на зрелост, а јас на сите стрени барав да најдам за тебе најубава невеста.

Write A Comment