Едно сиромашно момче дошло во фирмата на некој бизнисмен да бара работа. Биснисменот го прашал: “ А што би сакал да работиш?”
Момчето одговорило: “Па, ете, ако ништо друго, барем би го чистел тоалетот”.
Бизнисмнеот одговорил: “Во ред. Може. Само те молам кажи ми ја твојата е-mail адреса”.
Момчето одговорило: “ Немам јас e-mail”.
Бизнисменот: “Епа ако немаш e-mail, тогаш нема да работиш”.
Момчето разочарано, отишло на пазар, а имало само 10 долари во џебот. Почанл да препродава јагоди, па така нешто и заработил. Утредента уште повеќе. Така работата му тргнала и почнал да разнесува роба по пазарот. Од мала кола, до голем камион, па потоа до сопствена фирма станал еден од најголемите дистрибутери во Америка.
Откако се збогатил, решил да отиде кај нотар и да го осигура своето богатсво. Нотарот му рекол: “Нема никаков проблем, само кажи ми ја твојата e-mail адреса за да ти ги испратам сите документи. Момчето го погледнало и одговорило: “Јас немам e-mail”.
Нотарот збунето го прашал: “Неамш e-mail? Па, знаеш ли до каде ќе стигнеше да имаше? А бизнисменот ладно му одговорил:”Најверојатно би чистел тоалети”.
