За нечистотијата на животот…
“Едно магаре паднало во кладенец, кој стопанинот заборавил да го затвори. Животното испуштало тажни крици часови по ред, додека стопанинот се чудел што да направи. На крај, тој решил дека магарето е старо, а кладенецот и без тоа требало да се закопа, па решил дека нема смисла да троши сили за било каква спасителна интервенција.
Тој ги замолил своите соседи да му помогнат. Секој земал по една лопата и почнале да гребат ѓубре и да го фрлаат во кладенецот. Магарето разбрало што го очекува и почнало уште погласно и пожало да рика. Но после, за чудо на сите, тоа престанало, не пуштило ни глас.
Откако фрлиле по уште неколку лопати, стопанинот решил да провери што се случува на дното на кладенецот. Тој бил избезумен, кога видел, дека после секоја фрлена лопата со ѓубре врз магарето, тоа го разгазувало и стапнувало врз купот. Така сосема наскоро, изненадувајќи ги сите присутни, животнотo полека стигнало до врвот на кладенецот и за миг се одалечило.“
Животот ќе се обиде да ве закопа со секаков вид нечистотија. Начинот да се спасите од длабокиот кладенец е да го истресете ѓубрето од грбот и да стапнете врз него. И да нaправите чекор нагоре. Секоја лоша ситуација што ќе ве снајде, може да биде и цврста опора врз која може да се стапне.
