Во светот во кој жените се бомбардирани од слики обработени во фотошоп Мет Блум, американски фотограф, и неговата сопруга Кети започнале проект наречен “Ну Проект” 2005 и фотографирале повеќе од 150 жени во нивните домови. Тој побарал од жените да ги фотографира за неговиот проект, а потоа одел да ги слика иако претходно не ги познавал.
-Верувам дека на овие жени по строго им се суди на основа на нивниот изглед, па зтоа во овој проект се фокусирав на жените – вели Блум во описот на својот проект на својт веб сајт.
Тој се надева дека ќе ги охрабри жените да го прифатат својот облик и да не се срамат од своето тело . сите жени мора да бидат постари од 21 година и да потпишат договор пред снимањето.
-Од моето искуство, 99 проценти од жените кои учествуваа ми рекоа дека се гледаа поинаку и дека се чувствуваа уште по убаво – изјавил Блум.