Според британските експерти здравиот сон и неговата должина зависат од позата во која сакаме да спиеме, а таа може да има како позитивни, така и негативни последици за здравјето.
Спиењето на една страна ве штити од стомачни проблеми и киселини, особено ако сте ја избрале левата страна. Во исто време пак оваа позиција го зголемува ризикот од појава на брчки.
Спиењето на грб помага за смирување на симптомите и болките во коските и мускулите. Но спиењето на грб е несоодветно за оние кои страдаат од асма и нарушување на крвоносниот систем. Љубителите на оваа поза почесто хркаат во текот на ноќта.
Многу жени сакаат да спијат во така наречената поза ембрион, со свиткани коленици кон градите. Тоа помага за намалување на напрегнатоста на грбот, но после долг сон во истата поза може да се појави болка во областа на вратот и рамената.
