← НАЗАД НА БОЗА

Практични мејкап-совети за дами со пеги

Практични мејкап-совети за дами со пеги
562 Читања

Пегите се неодоливи и шармантни, но само девојките што ги имаат знаат колку е тешко да го нашминкаат лицето прекриено со нив. 

Пегите им даваат посебна магија на убавиците како Меган Фокс, Линдзи Лохан, Никол Кидман и Оливија Мун. Ако и вие имате пеги, еве неколку совети што сигурно значително ќе ви олеснат со шминкањето!

1. Секогаш избирајте пудри во топли нијанси или оние што се за нијанса потемни од вашиот тен.

2. За прикривање на подочниците избирајте лесни флуидни коректори, кои нема да створат остри црти и нема да преминат на образите.

3. Фокусирајте се на кличните делови од лицето – уредно дотерани веѓи, занесни трепки или убаво исцртани усни.

4. Користете транспарентни пудри, кои ќе го изедначат тенот, но нема да ги прекријат пегите.

5. Заборавете на темните бронзери и руменила во црвени и кафени нијанси. За вас идеални се руменила во розови нијанси и боја на кајсија.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk