Здраво тело

Практикувајте утринско истегнување на телото!

Редовното истегнување претставува моќен дел од секоја програма за вежбање.

  • Истегнувањето ја зголемува еластичноста на мускулите, а со тоа се зголемува целокупната ефикасност на организмот. Работите како што се подигнување на кутии, наведнување да ги врзете чевлите или трчањето по автобусот, станува се полесно и помалку заморно. 
  • Истегнувањето ја подобрува подвижноста на вашите зглобови. Движењето ви ја подобрува рамнотежата, која ве држи подвижни и поотпорни на повреди од пад – особено ако сте во позрели години.
  • Истегнувањето ја подобрува циркулацијата, и го зголемува протокот на крв во мускулите. Подобрената циркулација, може да го забрза закрепнувањето на мускулите по некоја повреда. 
  • Истегнувањето доведува до правилно движење на телото, ја спречува вкочанетоста на мускулите, го овозможува правилното држење на телото и болките ги сведува на минимум.
  • Истегнувањето го намалува стресот и ги опушта напнатите мускули, кои често го придружуваат стресот. 
  • Истегнувањето помага при спречување на повреди. Подготвувањето на мускулите и зглобовите за активност, може да заштити од повреда, особено ако мускулите или зглобовите се напнати.

Write A Comment