Art & Crafts

Права коса – со банана, целер и вотка!

Верувале или не вотката е таа која успешно ги исправува влакната на косата, додека за маслото од кокос е најдобро за благи кадрици, а мешавината од банана и папаја ќе ја исправи вашата коса, ќе ја потхрани и ќе и даде сјај.

Трјаното пеглање на косата со разни хемикалии, како и редовно користење на преса многу ќе ја оштети косата, ќе ја направи слаба и кршлива. Истиот ефект на права и блескава коса можете да го постигнете и без агресивни третмани, а сите потреби состојки можете да ги пронајдете во вашата кујна.

Вотка

Верувале или не, токму овој алкохолен пијалок е одлично решение за права коса. Доволно е да го измешате со регенератор и да го нанесете на косата. Ниската pH вредност ќе ја “испегла” вашата коса. Исто така може да биде добро и за осветлување на косата.

Масло од кокос

Најдоброто решение за благи кадрици на косата, а се што е потребно е да нанесте од кокосовото масло на мокра коса, да ја исчешлате и да ја оставите да се исуши!

Целер

Во блендер измешајте малку целер и вода. Добиената мешавина ставете ја во шише со распрскувач. Нанесете на косата и оставете да делува 15-20 минути. На крајот измијте ја косата со шампон.

Банана и папаја

Мешавината од банана и папаја ќе ја исправи вашата коса, ќе ја потхрани и ќе го спречи нејзиното виткање. Измешајте една банана, папаја и два лажичиња мед, па нанесте на косата. Откако косата ќе се исуши до крај, измијте ја.

Write A Comment