Убавина

Правила за користење на темен кармин

Користењето на вакви кармини може да биде многу чувствително. Еве неколку правила како да се справите со овој тренд.

Темен кармин со нежни очи
Никогаш не комбинирајте јаки сенки и темен кармин заедно. Силно нашминканите очи и уста ќе направат да изгледате како кловн. Доколку сте решиле да ставите црвен кармин, очите нежно нашминкајте ги. Може да поминете и само со маскара.

Оцртани усни
Во ред е, доколку претходно сакате да ги исцртате усните, но внимавајте да не ви избега линијата надвор од нив.

Истакнати усни со едноставна фризура
Усните со боја на цреша одлично прилегаат со минималистички стил. Не ви е потребно руменило и сенки. Фризурата нека биде едноставна како што ја носите по дома. Врзана или едноставно пуштена. Вака ќе постигнете целото внимание да падне на неодоливите усни.

Умерен готски изглед
Не претерувајте со темниот готски изглед. Доволно е тоа што устата ви е речиси црна уште и очите и спремна сте за ноќта на вештерките. Можеби сте виделе таков make up на модните писти, но не можете се да преземате и да носите во реалниот живот.

Дебели веѓи
Изглед како од 80 -тите, можете да постигнете доколку ги пуштите веѓите. Значи, не корнете ги тенко, како линија, туку оставете ги задебелени. Нема да утнете со задебелени веѓи и усни со боја на вино во оваа сезона.

Прецизност во нанесувањето
Многу е лесно да се размачкате со темните и црвени кармини. Затоа пред да излезете погледнете дали ви се намачкани забите или брадата.

Основно правило при оцртување на усните
Во никој случај немојте да ставате потемно моливче од карминот или уште полошо црно. А, тотално ви е забрането да се шетате само со исцртани усни.

Write A Comment