Дестинации

Правила за однесување при патување со авион

Оние што често летаат со авиот сигурно барем еднаш забележале прекорувачки поглед од стујардесата упатен кон проблематичниот патник. Можеби сте земале повеќе рачен багаж со вас, сакате да одите во тоалет додека останатите патници сè уште влегуваат во авионот или не сте го исклучиле мобилниот телефон? 

Стујардесите имаат право да ве отстранат од летот ако не ги следите основните правила на однесување, а исто така за време на полетувањето не е препорачливо да се стои во авионот.

Ако и вие сте еден од неискусните авионски патници и не сте се запознале со тоа што е пожелно, односно непожелно, во текот на летањето со авион, проучете ги следните совети и не доведувајте се себе си во незгодна ситуација.

Покажете малку љубезност 

При влегувањето во авион, обратете им се на стујардесите со едно едноставно „добар ден“ и веднаш ќе ве третираат на друг начин. Персоналот во авионот има контакт со секакви луѓе, но некои од патниците знаат да бидат многу непристојни. Тие се само човечки суштества, кои можат да ви го спасат животот во опасни ситуации.

Следете ги упатствата 

Многу едноставно… Направете сè што стујардесите ќе побараат од вас и не поставувајте премногу непотребни прашања. Тоа подразбира да ја ставите патната торба на соодветно место, да седнете, да го закопчате безбедносниот појас и да ги исклучите вашите електронски апарати. Ако персоналот не мора да се грижи за вас, повеќе внимание ќе им обрати на другите патници.

Внимавајте на хигиената

Постојат и други причини поради кои може да ве отстранат од авионот. Можеби нема да бидете во состојба да ги смирите своите деца или да се изборите со багажот. Вашата храна може да го замириса целиот авион, а причина за лошиот мирис може да бидете и самите вие.

Истуширајте се пред летот и обидете се да не барате премногу

Ако не е потребно, не летајте во новороденче што не престанува да плаче или со немирно дете што не можете да го совладате. Сите овие се реални причини за пред полетувањето да ве отстранат од авионот. Пред сè, не се однесувајте непристојно и на кој било начин не го малтретирајте персоналот.

Научете ги своите деца на ред

Без оглед на тоа дали вашето дете има 5 или 15 години, вие како родител сте должни да го запознате детето со правилата на однесување на аеродром и во авион. Ако вашите деца направат сè што е побарано од нив, никој нема да ги третира како потенцијален проблем.

Write A Comment