Убавина

Правилно пеглање на косата

Често ли Ви се случува да потрошите драгоцено време и нерви околу исправувањето на Вашата коса, но за кратко време таа да изгледа како ништо да не сте и правеле?

Има решение…

Еве што треба да направите да го избегнете тој проблем

Правилно местење на температурата

Температурата на пеглата зависи од типот на вашата коса. Доколку имате тенка коса температурата треба да биде од 90 до 150 степени. За нормална коса од 150 до 170 степени, а за кадрава коса и дебели влакна од 170 до 20 степени.

Спремете ја Вашата коса за пеглање

Користете шампони и регенератори кои ја штитат косата. Освен тоа често ставајте маски за регенерирање на косата, како би се спречило нејзино сушење и распукнување.

Одвојте време

Поделете ја косата на неколку делови и секој прамен пеглајте го посебно. Не брзајте. Доколку сакате да оставите малку повеќе волумен на косата не пеглајте блиску до коренот на косата.

Пеглата за коса чистете ја после секое пеглање

Немојте да пеглате мокра коса

Не ја користете пеглата за коса секојдневно

Купете пегла која Ви одговара

На пеглите за коса не треба да штедите, освен доколку не сакате потполно да ја уништите вашата коса. Барајте препораки, прашајте ги своите пријателки за квалитетна пегла за коса.

 

Напиши коментар