Мојата кујна

Предјадење од тиквички и сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3-4 тиквици

* 250 гр младо сирење

* 100 гр листови од тенко исечена сланина

* малку брашно

* сол и масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечете ги тиквичките на тенки листови по должина. Посолете ги и оставете ги малку да отстојат. Потоа малку забришете ги со хартиена салфетка па ставете ги во брашно од едната страна. Листовите сланина кратко пропржете ги, а потоа извадете ги па во истото малсо ставете ги листовите тиквица, прво од набрашнетата страна а потоа од  другата страна. Кога тиквиците ќе бидат готови, од набрашнетата страна ставете ја сланината, па одозгора премачкајте со сирење и свиткајте ги во ролничка. Прицврстете со една чепкалка. Ставете ги во тава за печење сите ролнички и запечете ги на 160 степени, само додека благо не заруменат.

Write A Comment