Дестинации

Прекрасен хотел во Анталија

Изграден од Рускиот билионер Телман Исмаилов, хотелов нуди „малку повеќе“ од хотелски услуги…Самиот факт дека први гости во овој хотел, биле Парис Хилтон, Мараја Кери, Шерон Стоун, Ричард Гир, Моника Белучи, Сил и Том Џонс, зборува за луксузноста на ова „скапо парче“, знаејќи ги високите критериуми за комфорт на споменатите.

Самата конструкција вреди 1,8 милиони долари, а можеби фокусот на внимание покрај галантниот изглед се: најголемиот базен на Медитеранот, огромниот аквариум со 2400 риби, изборот од 560 соби и 900 тони песок, донесени од Египет. Во внатрешноста ќе го имате автентичното ориентално чувство, пренесено со ултра модерен тон…Бидете будни сонувачи, и искусете ја приказната за „1001 ноќ“, за само неколку денови…Смело и одлучно, закажете си престој во најубавиот Хотел во Анталија…Загарантираниот убав престој…нека биде шестата ѕвезда.

Напиши коментар