Bridal

Прекрасни пролетни жолти централни букети

Жолтата боја е боја полна со креативна енергија, пролетна живост, јасност и мудрост. Доаѓа пролет, кога може да најдете најразлични видови на цвеќиња токму во жолта боја, па може оваа силна боја да ја искористите за вашите централни свадбени букети.

Доколку ја изберете жолтата свадбена боја како мотив, тогаш може да направите навистина интересни комбинации на централни буќети, кои не мора да бидат само од цвеќиња, туку може да бидат и од свежо овошје, како на пример лимоните.

Жолтата боја одлично се вклопува во комбинација и со портокаловата, зелената и белата боја. Еве ви неколку идеи за вашите централни букети.

Напиши коментар