Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг Крис Мартин се новите сопственици на престижната Garvud резиденција во Малибу…
Својата нова луксузна вила парот ја платил 14 милиони долари.
Се состои од четири спални соби и три бањи, на површина од еден хектар. Во нејзината внатрешност постојат, теретана и студио за јога, а надвор се наоѓа прекрасниот базен, тениско игралиште како и кујна со трепезарија на отворено. Овој имот, исто така има и приватен пристап до плажата, како и приватно пристаниште за јахта, иако овој пар сеуште не поседува една.
Фнатастичните погледи кон океанот се само една од многуте придобивки, покрај совршено уредената градина која е идеална за организирање на забави. Како што дознаваме, Гвинет планира да се посвети на редекорирање на овој дом во соработка со Виндзор Смит студиото.
























