Motherhood

Приказна за мајката која навистина вреди да ја прочитате!

Имало едно време, едно мало бебенце кое сакало да излезе од утробата на мајка си на виделина. На денот, кога требало да се роди, тоа отишло кај Бог и го прашало загрижено:

-Господе, јас сум толку мало и незаштитено. Што ќе правам, како ќе живеам на Земјата? Како ќе се справам со сите тешкотии таму?

Бог се насмевнал и одговорил:

-Не грижи се, дете мое. Го избрав за тебе најдобриот и најверниот меѓу сите ангели тука и ќе го пратам кај тебе на Земјата. Овој ангел ќе те очекува таму со огромна возбуда и трепет да се појавиш, а потоа ќе се грижи за тебе и ќе ти помага во се.

А бебето повторно прашало:

-Но, Господи, јас не го знам јазикот кој го зборуваат луѓето на Земјата. Како ќе разберам што ми велат?

-И за тоа не се грижи. Твојот ангел многу внимателно и трпеливо ќе те научи на новиот јазик. Секогаш ќе ти зборува со љубов и нежност, ќе те нарекува со мили и ласкави зборови. Секоја вечер ќе ти пее приспивни песни. И така многу лесно и брзо ќе научиш се…

И покрај сите овие уверувања сепак, бебето пак не можело да го надмине стравот. И уште еднаш запрашало:

-Господи, тука сите зборуваат дека на Земјата има многу зла. Велат дека и луѓето таму биле лоши. А јас сум само едно малечко бебе, како ќе се справам со нив, како ќе преживеам таму?

-И за тоа сум мислел дета мое…-одговорил Бог. –Твојот ангел цело време ќе се грижи за тебе и ќе те чува од секакви опасности. Ќе те штити и брани дури по цена на сопствениот живот. Така што не грижи се за тоа…

Во тој момент се слушнала некаква врева. Тоа биле гласови од Земјата. Што значело дека е време бебто да тргне.

Чувствувајќи го тоа, во последниот миг бебето запрашало:

-Господи, но ти не ми кажа како се вика мојот ангел на земјата. Како ќе го препознаам?

Бог се насмевнал и тивко рекол:

-Не е важно, кое е името. Ти ќе го викаш твојот ангел..мамо!

Write A Comment