Знаете ли што е среќата? Ние ќе ви кажеме – избор!
Да, среќата е избор, кој го правиме секој ден! Затоа треба да бидеш среќен, за да бидеш среќен. Треба да умееш да се насладуваш и да се радуваш на една подобра иднина. Еве што раскажува будистичкиот монах и филозоф Тич Нан Хан за уживањето во пиење чаша чај.
“Треба да си целосно буден за сегашниот момент, за да се насладуваш на чајот.
Само во осознавањето на сегашноста твоите раце ќе ја чувствуваат топлината на чашата. Само во сегашноста ќе можеш да го почувствуваш мирисот, да ја вкусиш сладоста, да ја оцениш деликатноста.
Ако размислувате за минатото или сте загрижени за иднината, вие ќе ја испуштите целосно радоста на пиењето на чаша чај. Ќе погледнете надолу кон чашата и чајот ќе исчезне.
Со животот е исто. Ако не си целосно буден за сегашноста, ти ќе се погледнеш и тој веќе е готов. Ќе ја испуштиш аромата, деликатноста и убавината на животот.
Минатото е свршено. Научи од него и остави го да замине. Иднината дури сеуште не е тука. Планирај ја, не го губи времето да се грижиш за неа. Загриженоста е бесмислена.
Кога ќе престанеш да го преживуваш она што веќе се случило, кога ќе престанеш да се грижиш за тоа, кое можеби никогаш нема да се случи, тогаш ти ќе живееш во сегашниот момент. Тогаш ќе почнеш да ја чувствуваш радоста на животот”.
